Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го сподели своето мислење за играта на тим оваа сезона.
Јувентус ќе го пропушти плејофот во Лигата на шампионите за прв пат по 2014 година.
-Сега е бесмислено да се размислува за Лига Европа, мора да се префрлиме и да се фокусираме на Серија А. Денес ќе имаме тежок натпревар. Мораме да излеземе од оваа ситуација, но тоа нема да го направиме на еден натпревар. Нашите играчи имаат морални вредности и јас многу сметам на нив. Не треба да очајуваме, во спротивно нема да излеземе од оваа ситуација. Знаеме колку е важен утрешниот натпревар, тешко е без разлика на елиминацијата од Лигата на шампионите и мораме да го одиграме како целина, го цитира Алегри „Фудбал Италија“.
Јувентус које е е осми во Серија А со 19 бодови од 11 натпревари вечер од 18 часот му гостува на Лече.