Албанскиот премиер Еди Рама денеска при престојот во Пешкопеја се задржа на феноменот на масовното заминување на младите од Албанија.

Рама рече дека размислувањето за напуштање на земјата за подобар живот е легитимно и дека сите земји ја поминале оваа фаза и дека сега на ред е Албанија.

Сепак, Рама ги повика младите да не ги ризикуваат своите животи со одење во Велика Британија илегално со моторни чамци.

Додаде дека Албанија ги нуди сите можности за развој, посочувајќи дека селото е добра можност за инвестирање.

– Да се ​​размислува за заминување е легитимно, да се користи морето за да се оди каде што има развој е легитимно. Сите земји ја поминаа оваа приказна. Овој пат сме на дното затоа што историјата ни е таква. Денеска не е како вчера. Денес можностите се тука. Оние кои имаат земја на село е вистинска можност да создадат имот за да го претворат во можност и да заработат петпати повеќе отколку што можеш да заработиш таму работејќи за некој друг, рече Рама.

Според него имиграцијата е дел од историјата, наведувајќи ја за пример Норвешка која имала “целосно празнење на почетокот на минатиот век, бидејќи имаше вистинска глад“.

Деновиве Топ чанел во прилог под наслов ” Лондон во аларм” ја пренесоа загриженоста на британските пратеници по извештајот на Комитетот за внатрешни работи во кој стои дека најмалку 12.000 албански граѓани годинава илегално влегле на територијата на Велика Британија, а кулминација на движењето била забележана од јуни до октомври.