ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на акцизите за бензинот и дизелот за 50 отсто, како и намалување на акцизите за течниот природен гас. Со тоа, литар бензин би чинел 11, односно 13 денари помалку, а литар дизел 8, односно 9,5 денари поевтино.

Велат дека ова е конкретна мерка за помош на граѓаните и компаниите, бидејќи високата цена на горивата ги поскапува другите производи, услугите и транспортните трошоци. Предлог-законот за акцизи ќе биде поднесен до Собранието во текот на денешниот ден, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Тони Јаревски.