Струјата ќе поскапи за најмалку 10 до 15 проценти од 1 јануари поради зголемените трошоци на компании, а не само поради зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10%, истакнуваат експертите за ТВ АЛФА.

Според поранешниот директор на РЕК Битола, Спиро Мавровски граѓаните ќе бидат најпогодени зашто токму во јануари потрошувачката е најголема.

Мавровски смета дека високите сметки се пред се резултат на тоа што Македонија е увозно–зависна од електрична енергија и не произведува доволно дома. Третиот блок на РЕК Битола требало да биде пуштен во употреба уште на 1- ви октомври , но до сега ништо од тоа. Најавените 2 трансформатори се уште не биле пристигнати. Поранешниот директор на најголемиот енергетски комбинат во Македонија смета дека одлуката да се набавува гас авансно месец за месец е резултат на нестратегиското работење на Владата, а до сега имавме среќа што не служи времето.

И Регулаторната комисија за енергетика потврди дека поради одлуката на Владата да го зголеми ДДВ-то, сметките од 1 јануари дефинитвно ќе се зголемат дури и тие да не донесат одлука за поскапување.

Последното зголемување од 7,4 отсто во просек кое се случи на 1 јули било неминовно поради огромните промени на пазарот на електрича енергија не само во Македонија туку и во цела Европа, но сега претседателот на Регулаторната комисија за енергетика повика на покреативни решенија за да се избегне ново поскапување.