Фаворитот за наследник на Хулен Лопетеги во Реал Мадрид, Антонио Конте, преговарал со раководството на „белите“ од 2 октомври.

Италијанецот бил побаран од раководството на шпанскиотгигант веднаш по поразот на Реал Мадрид од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.

Ситуацијата во „кралскиот“ клуб станува сложена по поразот од Леванте во саботата.

Лопетеги по неа сподели дека „разрешувањето е последното нешто, на кое мисли за сега“, но шпекулациите за неговото отстранување од функцијата стануваат се посериозни.