Oткако студентите најавија протести против укинувањето на субвенционираниот студентски оброк, предлагачот Моника Зајкова од ЛДП ретерираше и најави повлекување на предлогот. Нејзината изјава дека се повлекува законот е манипулативна, затоа што, според Зајкова, испаѓа дека таа не ни знаела каков предлог-закон поднесува!
Иако за утре е закажана средба на МОН со Студентското собрание, тоа што во предлог-буџетот се скратени 140 милиони денари од студентите, јасно дава до знаење дека власта со разни акробации повторно ќе штеди врз грбот на студентите.
Токму СДС во предизборие најавуваше кратење на министерствата до 20 министерства и укинување на патните трошоци, со цел рационализирање на трошењето народни пари. Наместо тоа, пет години подоцна, СДС воведе ново измислено Министерство за Артан Груби и гласаше против предлог-законот на Левица за намалување на патни трошоци на пратениците.
Криминалната клика на власт во време на економска криза единствено штеди врз грбот на работниците, земјоделците и студентите – додека привилегиите на функционерите само ги зголемуваат.
Од тие причини, Левица го поддржува утрешниот протест на студентите пред Собранието, закажан во 16 часот.
Младите се авангарда и критичка мисла на секое општество и тие мора да бида прогресивна сила која ќе ги иницира промените против корумпираниот владејачки естаблишмент.
Левица