Тоа се Левица и (Димитар) Апасиев, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски за „најголема опасност на патот кон Европската Унија“.
Ковачевски за време на прес-конференцијата со европратеничката Ираче Гарсија Перез, го посочи Апасиев и партијата која има само двајца пратеници како „опасност на патот кон ЕУ“.
– Најголема опасност за нашиот пат кон европската иднина лежи во партија која има антиевропска и анти НАТО политика. Тоа се Левица и Апасиев, рече Ковачевски.