Според проценките на ОН, денеска светот има осум милијарди жители, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена денска во болницата Хозе Фабела во Тондо, беше избрано за 8-милијардитиот човек во светот.
– Штотуку бевме сведоци на 8-милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, нормално породување, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.