Штедиме заедно денес за да имаме утре, е слоганот со кој Владата од денеска со едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја.

– Краткото туширање заштедува струја, вода и пари на вашата сметка. Овие се навидум мали промени, но ако ги применуваме ќе имаме голема корист и големо значење за енергетскиот систем, соопшти денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Освен оваа мерка, во едукацијата на граѓаните Владата ќе презентира и други корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

Видеото може да го отворите ТУКА.

(Подготви: Д.Г.)