Во Екваторијална Гвинеја денеска се одржуваат општи избори, а се очекува актуелниот претседател Теодоро Обианг Нгема Мбсаго, шеф на државата со најдолг стаж во светот, да го продолжи своето 43-годишно владеење во западноафриканската земја богата со нафта.

Објанг за шестиот мандат се бори против двајца опозициски кандидати.

Покрај претседател, земјата ќе избере и 100 членови на Долниот дом на парламентот, 55 од вкупно 70 сенатори и градоначалници.

На изборите не се очекуваат изненадувања, бидејќи Објанг отсекогаш бил избиран со поддршка од над 90 отсто од гласовите.

Меѓународните набљудувачи сепак прашуваат колку се фер изборите, со оглед на честите поплаки од групите за човекови права за недостигот на политички слободи.

И покрај богатството со нафта и гас, во Екваторијална Гвинеја има огромен јаз меѓу привилегираната владејачка класа и мнозинството од населението, кое главно живее од земјоделство.

Екваторијална Гвинеја имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година.

Актуелниот претседател го собори својот вујко Франциско Масиас Нгема со државен удар во 1979 година.