КОВАЧКИ: Стани Славјанка дај си оставка, докази дека Петровски, се уште, се во владение на луксузната хациенда дивоградба со базен

/ 22.11.2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која министерката за одбрана ја крие, објави пратеникот Драган Ковачки.

– Утре (вторник) на прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело. Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш. Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага, објави Ковачки на Фејсбук.

Хациендата со базен, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ковачки, да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година.


Од истата категорија