Германската репрезентација по 2. коло на Светското првенство 2022 година го зазема последното место во групата Е. Избраниците на Ханс-Дитер Флик вечерва одиграа нерешено 1:1 со Шпанија.

Мората ги доведе Шпанците во водство во 62. минута, резултатот го израмни Филкруг во 83. минута.
Лидер на табелата во оваа група е Шпанија со 4 бода, Јапонија и Костарика имаат по 3, Германија е последна со само 1 бод.

Во последното коло Шпанија ќе се соочи со Јапонија, додека Германија ќе игра натпревар против Костарика. Двата натпревари се закажани за 1 декември.

Сите четири репрезентации се со шанси за пласман на едно од првите две места и учество во осминафиналето.