Во првиот денешен натпревар на Светското фудбалско првенство 2022, Србиај и Камерун одиграа нерешено 3:3 (Г-група). Србите имаат причина да бидат незадоволни од ремито, бидејќи до 63. минута водеше со 3:1.

Камерунците поведоа во 29. минута преку Кастелето, Павловиќ, Милинковиќ-Савиќ и Јовиќ направија целосен резултатски предност. Абубакар во 63.минута намали на 2:3, конечниот резултат го постигна Чупо-Мотинг.

Бразил е вториот осминафиналист на фудбалското Светското првенство (СП) кое е во тек во Катар. После светскиот првак Франција и „кариоките“ ја остварија втората победа на Мундијалот совладувајќи ја Швајцарија со 1-0.

Без повредениот Нејмар, избраниците на Тите долго бараа решение за одбраната на Швајцарците, ја проби прво Винисиус Жуниор, но голот не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде претходно Ришарлисон.

Конечно, во 83.минута, Касемиро ја презеде улогата на Нејмар, распали откосо од левата страна во шеснаесетникот и погоди во спротивниот агол за водство и триумф на Бразил.

Швајцарците сега ќе имаат пресметка во третото коло против Србија за пласман во нокаут фазата од втората позиција.

Во натпреварот од 14 часот, репрезентацијата на Гана ја совлада Ј. Кореја со 3:2.