Eквадор веќе нема да посредува кај британската влада вио корист на основачот на Викиликс Џулијан Асанжво преговорите за неговата ситуација како азилант во лондонската Амабсада на таа јужноамериканска држава.
Министерот за надворешни работи Хосе Валенсија изјави дека единствена одговорност на еквадор е да се погрижи за доброто на Асанж, откако Австралијанецот ја тужеше државата поради невите мерки наметнати за неговиот азил во Амбасадата на Еквадор.
– Еквадор не е обврзан да преземе какви било нови чекори, изјави Валенсија. – Ние не сме адвокати на Асанж ниту сме претатавбници на британската влада. Тоа е работа што треба да се решни меѓу Асанж и Британија, доадде тој.
Тој став означува оддалечување од претходната пракса на таа држава да одржува дијалог со британските власти за ситуацијата со Асанж откако му даде азил во 2012 година. Тогаш Асанж побара заштита во Амабсадата на Екавдор во Лондон, откако британски судови наредија негова екстрадиција во Шведска за случај со силување.