СТОИЛКОВСКИ: Тајните средби на Арсовска со Ковачевски и коалицијата Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола

/ 08.12.2022

Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска.

Бараме неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје.

Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола.

Градоначалник на Скопје не смее да бега од скопјани и медиуми, не смее да не се обиде да ги надмине проблемите, и уште повеќе не смее да биде главна причина за хаос во градот!

Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика колапс во Скопје.

Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје!

Владата мора да ја напушти монструозната креација, коалицијата на Ковачевски и Арсовска за бугарските бизнис и политички интереси.

Ничии интереси и провизии не смеат да остават цели семејства на возачите на автобуси без леб на маса, Скопје без нормален сообраќај, а жителите со ограничено движење!

Нема одговор за набавката на бугарските автобуси кои според нашите сознанија го турка коалицијата Тачела.

Бараме владата да и ги одземе ингеренциите на Данела Арсовска за јавниот превоз, но и да го реши проблемот со исплатата на долгот од еден и пол милион евра, да ги обештети приватните превозници коишто протестираат и тие да се вратат на дејноста.

Со одземањето на ингеренциите, бараме да се провери и можната улога на Драги Митковски во управувањето со ЈСП, како и ревизија на договорот за набавка на гориво за ЈСП со невообичаени високи цени, склучен со фирма на пратеник од владејачкото мнозинство.

Скопје не може да издржи уште еден неспособен и криминоген градоначалник!


Од истата категорија