Американските власти успееја да го фатат осомничениот бомбаш кој наводно учествувал во правењето на експлозивната направа што го уништи патничкиот авион над Локерби, Шкотска во 1988 година, кога загинаа 270 луѓе, јавија дел од американските медиуми. 

-САД го притворија Абу Агила Мохамед Масуд Хеир ал-Марими, наводниот создавач на бомбата на летот 103 на Пан-ам, изјави портпарол на Министерството за правда. 

Властите во Шкотска потврдија дека семејствата на загинатите патници и членови на екипажот биле известени за апсењето. 

На 21 декември 1988 година, летот 103 на Пан-ам експлодираше над Локерби, Шкотска, по поставена бомба во товарниот дел на патничкиот авион. Ова беше единствениот таков терористички напад во Велика Британија, и втор по фаталност за Американците напад по оној на 11 септември 2001 година. Авионот полета од Лондон и требаше да слета на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Во него се наоѓале патници и екипаж од 21 земја, од 190 Американци кои беа убиени, 35 биле студенти на Сиракуза универзитетот, кои се враќале дома за празниците по семестар студии во странство. 

Нападот иницираше лов на создавачите на бомбата кој трае со децении. Нападот иницираше лов на создавачите на бомбата кој трае со децении. Некои од нив се веќе осудени, откако во 1999 Либија ги предаде на САД да им се суди во Холандија.

Во 2020 година САД објавија пробив во истрагатa откако открија дека властите во Либија го фатиле Масуд, поранешен либиски разузнавач, и го интервјуирале за неговото учество во бомбашкиот напад, при што тој признал дека ја направил бомбата што експлодираше во авионот, јави Министерството за правда. 

Масуд беше обвинет во 2020 година, и по неговото фаќање и екстрадиција во САД тој наскоро треба да се појави пред областен суд во округот Колумбија.