Почитувани,
Ни претставува посебна чест да го промовирате седмиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности – “Богородичен Покров“, кој е единствен од ваков жанр во нашата држава. Истиот годинава е ON LINE од 17 до 25 декември 2022. година. Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови. Фестивалот е основан 2016-та година и досега поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни компании.
Од оваа година фестивалот прераснува во мултимедијален проект под Покровот на Пресвета Богородица и со издаваштво, музички концерти, изложби и други културни и уметнички настани. Истите би се одвивале во текот на целата година, согласно можностите. Годинава, во рамките на фестивалот, за прв пат ќе се промовира книгата на авторот м-р Миле Гиновски, Како ја видов Мајката Божја-Богородица, сведоштво за чудото на јавувањето на Пр.Богородица во манастирот Согле , близу Богомила. Промотори на книгата се проф.др.Јован Таковски, протојереј ставрофор и проф.др. Цане Мојановски. Промоцијата ќе се одржи во Соборниот Храм Свети Климент Охридски, на празникот на Зачетието на Св.Ана со Пресвета Богородица на 22 декември во 19.30 часот. Книгата беше промовирана на Света Гора, а сега за прв пат и кај нас. Издавањето на книгата го помогна Повардарска Епархија. Ги покануваме сите да присуствуваат на овој настан.
Инаку, Почесен Претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протојереј –ставрофор, одликуван со златен медал “Св. Климент Охридски” на државно ниво. Програмскиот совет на фестивалот го сочинуваат: Антонио Митриќески, професор на ФДУ и режисер, добитник на бројни интернационални награди, Ѓоко Ѓоргевски, декан на Богословски факултет “Свети Климент Охридски“ во Скопје и поранешен Амбасадор во Ватикан, Владимир Ангелов, виш филмолог и Директор на Кинотека на Р. Македонија и Зорица Костовска, основач и директор на фестивалот, поранешен 10 – годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк – Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог. Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, чија определба е да негува општествено полезни, духовни, етички и хумани проекти. Инаку, фестивалот нема комерцијален карактер, сите филмски проекции и програми се бесплатни. Нашата мисија и цел е да ги шириме духовните вредности меѓу луѓето и да ги едуцираме младите генерации во насока на добрина, морал, етика, пожртвуваност, љубов и духовност!
Покровители на фестивалот годинава се, традиционално Руската Амабасада во Скопје, Неофит-руска продукција и компанијата Лукоил, кои ни помогнаа и ги поддржаа руските филмови на фестивалот, Еврејската заедница со поддршка на филмот Приказна за Вишња, Филмскиот фестивал “ Бдење душе” од Србија, со обезбедување на филмовите од Србија, почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Македонија г-ѓа Билјана Дамјановска –Јанчевска за поддршката на филмовите од РТРС, Република Српска.
Традиционално, Европскиот Универзитет доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер – помагател на фестивалот.
Изразуваме голема благодарност до ТВ 5 и ТВ Алфа за поддршката на преводот и титлувањето на одреден број филмови. Исто така, голема благодарност за англискиот превод на филмовите “Симболи” на Александар Младеновски од Сиднеј и на Марија Драговиќ од Европскиот Унивeрзитет во Скопје , како и на на Марија Пеева за графичкиот дизајн.
Пријатели и спонзори на фестивалот се Транскоп – патнички сообраќај Битола, Пакомак –Скопје, Арбо травел-специјализирана за поклонички патувања, Винарија Чифлик од Битола, Кинески ресторан Звезден океан-Скопје, Derma Bella , центар за естетска медицина и козметологија и Моzzart.
Во прилог е филмската програма на фестивалот.
Ви благодариме за вниманието.
Со почит,
Зорица Костовска – ТВ и филмски продуцент
основач и директор на фестивалот