Костени претставуваат природни извори на енергија и здравје, така што неопходни кога времето ќе залади.
Костени ја прочистуваат крвта и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат многу енергија, бидејќи содржат многу јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за зајакнување на организмот, додека во средниот век плодовите на костенот се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството. Познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите со костени на подрачјата кои ги освојувал, само за да им го уништи изворот на храна на домашното население.
Костените се хранлива намирница, содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пира, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.
Костените содржат многу влакна и малку масти во споредба со другите јаткасти плодови. Тие имаат високо ниво на скроб и помагаат во намалување на холестеролот, се бори против ракот и помагаат во контрола на крвниот притисок.