Во рамки на мала студија, прва од тој тип, научници откриле мали честички пластика во примероци од измет од луѓе од разни делови од Европа.

– Студијата го потврди она во што долго време се сомневавме – пластиката ја има и во човековиот организам, изјави за ДПА, шефот на студијата Филип Швабл од Медицинскиот факултет во Виена.

Во пилот студијата научниците од осум возрасни луѓе во Австрија, Британија, Финска, Италија, Холандија, Полска, Русија и Јапонија побарале да водат дневник за тоа што јадат во неделата и за анализа да им дадат на крајот примерок од измет. Никој од нив не се декларирал како вегетаријанец.

– Во лабораторија откривме девет различни видови пластика со големина од 50 до 500 микрони, изјави Бетина Лиебман, еден од членовите на тимот.

Откриено е најмногу полипропилен и ПЕТ, односно полиетилен терефталати. Доктор Швабл изјави дека исти тестирања се спроведени и кај животни и дека кај нив е најголем концентрација на пластика регистрирана во цревата. Тој потсетува дека и најмали честички може да навлезат во крвотокот, лимфниот систем или црниот дроб.

– За првпат имаме конкретен доказ дека микропластика има и во човековиот организам. Мораме да спроведеме понатамошни истражувања за да видиме на каков начин влијае врз здрави луѓе, изјави Швабл.