Министерството за внатрешни работи на чие чело неколку мандати седи министерот Оливер Спасовски, неколку месеци мака мали со откривање на дојавувачите на лажни бомби во Македонија, но денеска бележи успех во откривањето на петарди.

– Денеска (20.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Ф.Ф. од Битола. При извршениот претрес пронајдени се 1.488 парчиња различни видови пиротехнички средства. Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, објави вечерва МВР.

Инаку, според последните анкети Спасовски е министер со најголем рејтинг во Владата на Димитар Ковачевски. Премиерот му бега само со еден процент доверба од граѓаните кои биле прашани на кој министер најмногу му веруваат.

Спасовски зад себе има долг мандат на чело на МВР, неоткриени сторители на провали на магацин на МВР во Охрид, масло од марихуана во магацин во Крушевско, издадени македонски пасоши на криминалци итн.