Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи објави дека работната посета на Куманово ја искористил за да го посетам основното училиште „Браќа Миладиновци” во кое што учел.

– Се потсетив на моите детски и безгрижни денови поминати во училишниот двор и во училишните клупи, големо и прекрасно беше изненадувањето што ме дочека мојата класна раководителка. Покрај забавата, дружбата и китењето елки, големо беше задоволството да се разговара и со младите сили, со учениците од 8 одделение кои имаа многу прашања за мене, за Владата, но и за решавање на нивните проблематики и интереси, напиша Ковачевски.