Русија треба да дејствува побрзо и поефикасно во однос на производството и ремонтот на своите тенкови, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи го западното финансирање на модернизацијата на советските тенкови Т-72 што ќе бидат испорачани во Украина.
– Главното прашање на нашата денешна средба е производство, поправка и испорака на тенкови. Оваа задача е актуелна, рече Медведев на седницата на работната група на Воено-индустриската комисија за контрола на производството на неопходното оружје, воена и специјална опрема и оружје.
Тој додаде дека привлекуваат внимание „информациите дека нашите противници финансирале модернизација на 100 тенкови Т-72, нагласувам – не некои странски тенкови, туку Т-72“.
– Мора да работиме побрзо, поупорно и поефикасно, заклучи Медведев.