Американската армија успешно тестираше нов ракетен одбранбен систем за кој експерти велат дека е пресврт и докажува дека САД јакнат свои капацитети за соборување ракети од среден дострел.
Системот Егис е користен во најновиот тест и опремен со пресретнувачка стандардна ракета што е развиена во заеднички потфат на Рејтеон и јапонската Мицубиши хеви индастри.
Американски експерти наведуваат дека поради усшноста на тестирањата системот е се поблизу до производство. Директорот на Агенцијата за ракетна одбрана генерал Сем Гривс изјави дека тестот претставува „извонредно достигнување и клучен пресврт“.
Тестот овозможува да продолжат плановите за евентуално разместување на системот во Полска.