Ќе продолжи да се произведува македонски цемент во скопска цементарница , но само доколку овој фабрички гигант го промени начинот на загревање од мазут на гас за деловните простории и ја плати паричната казна. Во спротивно ќе ја загуби дозволата за работа и ќе заврши на суд. Мереле и градот и државата, а инспекторат констатирал дека котлите на цементарница го загадувале воздухот со азотни оксиди. Рокот од 5 дена за промена на грењето тече од денеска.

Доколку Државниот инспекторат за животна средина согласно член 200 став (4) од Законот за животната средина утврди дека не се постапува согласно Решението и не се отстранат причините настанати со донесувањето на решението, Државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд, како и ќе отпочне постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања.

Надлежното министерство не се откажува и ќе влезе во спогодба за наплата на паричанта казна која и заканува на фабриката. Инспекторатот бара 100, 000 евра од „Титан Усје“, а крајната сума ќе зависи од законската можност за спогодба.

Во изминатиот период беа направени мерења во реонот околу цементарницата. Утврдено е присуство на надминувања на ПМ 10 честички во амбиенталниот воздух, но во извештајот се констатира дека за таа состојба не е причинител Титан Усје, туку оџаите од котлите за затополување испуштале пареа со присуство на недозволени нитратни оксиди. Казната е до 100,000 евра, и очекуваме да се спогодиме со менаџментот во спротивно ќе тужиме за овие средства, кажа Нуредини за Телма.

И додека државниот инспекторат инисистра на забраните за загадување на воздухот, од Титан Усје тврдат дека тие постојано се монниторирани од страна на државниот инспекторат и дека оваа фабрика не го загадува Скопје.

Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Ова следи откако синоќа градоначалничкта Данела Арсовска го прекина боледување за одржи вонредна прес-конференција и да каже дека градот ќе поднесе кривична пријава против цементарницата Усје заради загадување на Скопје. По прес-конференцијата од УСЈЕ ги демантираа наводите на Арсовска, отфрлајќи ги нејзините ставови како неосновани, а денеска објавија податоци од мерењата од нивните мерни станици, според кои, не се надминуваат дозволените прагови.

Метрополата со денови беше на ранг листата на загадени градови во светот а рушеше и рекорди во загаденост.Институциите но и партиите признаа дека загадување има, но останаа само на препораки и партиски препукувања, додека граѓаните беа заглавени во магла и енормно загаден воздух.