Голем скандал го тресе светскиот ракомет, откако „Спортрадар“ објави информација дека неколку врвни судии во овој спорт, учествувале во местење на натпревари. Дел од нив судат и на актуелниот Мундијал во Шведска и во Полска, а во овој скандал се споменуваат и македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, пренесува спортскиот портал ЕКИПА.
Покрај Начевски и Николов, на листата на „осомничени“ се уште и Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Во 26 натпревари кои се истражувале, учествувале осум судиски парови. Останатите судии не се откриваат.
Во текстот на „Спортрадар“ стои дека 28 натпревари биле наместени во период од две години, од 2016 до 2018 година. Има натпревари и во Лигата на шампионите, а вклучени се врни клубови како Кил, Френсбург од Германија, како и Киелце од Полска, Веспрем од Унгарија.