Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не очекува нормализација на односите меѓу Русија и Западот и по завршувањето на војната во Украина.

„Нормализацијата на односите со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина не доаѓа предвид. Нема да биде како порано. Дури и да замолчат пушките во Украина, не треба да очекуваме дека нашите односи со Русија ќе се нормализираат, – изјави Столтенберг за германскиот весник „Ханделсблат““, пренесува РИА Новости.

Столтенберг во четвртокот на конференцијата во Норвешка истакна дека без оглед на тоа како ќе заврши украинскиот конфликт, мора да се каже дека „безбедносната ситуација во Европа е целосно променета“.