Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати пред претставниците на НАТО и сојузниците во американската воздухопловна база Рамштајн и апелираше да ѝ се испратат на Украина стотина тенкови за да се одбрани од руската инвазија.
Тој преку видеолинк се заблагодари на поддршката од сојузните и западните земји, додавајќи оти не може да губи време на разговори.
– Војната што ја почна Русија не дозволува одложувања. Стотина благодарности не се стотина тенкови. Во ваша моќ е да ни ја обезбедите артилеријата што ни треба, истакна Зеленски пред министрите за одбрана од околу 50 зем ји собрани во Рамштајн.
Тој додаде дека Русија сака да ги уништи универзалните човечки вредности и оти се обидува сите да ги убеди дека омразата може да биде посилна од светот.
– Затоа мора брзо да дејствуваме, посочи Зеленски.
Средбата во Рамштајн на лидерите на НАТО и претставниците од околу 50 земји е последна во низата состаноци на кои се договара вооружена помош за Киев.
Министерството за одбрана на САД денеска најави нова помош за Украина во вредност од околу 2,5 милијарди долари, вклучително и оклопно возила „Бредли“ и „Срајкер“.