Мултилатерален состанок за Сирија на лидерите на Турција, Русија Германија и на Франција почна денеска во Истанбул.
На почетокот на состанокот, турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган рече дека се надева оти самитот ќе ги оправда надежите на целиот свет за решавање на сириската криза.
Дмитриј Песков, портпароло на рускиот претседател рече дека од тој самит не би требало да се очекуваат никакви револуционерни одлуки. Тој нагласи дека државите мора да ги усогалсат ставовите за решавање на сириската криза.
На самитот се присутни и Владимир Путин, Ангела Меркел и Емануел Макрон, а се очекува и говор на специјалниот пратеник на ОН за сирија, Стафан де Мистура.