Алијанса на Албанците го почна состанокот на Претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во Владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници.
Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред состанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката.
– Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања – рече Таравари.
Сепак тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.
– Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим – рече тој.