Си зададов задача себеси новите генерации да бидат унапредени, рече пратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети на синоќешната средба во Боговиње.
ДУИ продолжува со средбите со граѓани со две екипи на терен. Ахмети, синоќа го посети Боговиње, а т.н. „огнена група“ беше во Кичево.
-Си зададов задача себеси, новите генерации да бидат унапредени, да се мотивираат и да бидат инспирирани да преземат одговорност на себе. Рековте слободен нов век, но новиот век, особено од новите генерации очекува квалитет. Но, од друга страна, Изет Меџити, вели дека Артан Груби, Фатмир Бесими и Бујар Османи не се млади, туку негова генерација, рече Ахмети.
Така вели Ахмети, но друго говори на средбите Меџити:
-Какви реформи? Вели да ги поддржиме младите. Но, кои млади? Артан е моја генерација. Тоа што дошол подоцна во ДУИ треба ли да го сметаме како нешто ново? Или Фатмир Бесими? Јас го почитувам Фатмир Бесими како експерт по финансии, но дали е за финансии, дали за одбрана, дали за интеграции или за друго? Бујар Османи дали е експерт за надворешна политика, за здравство, интеграции или портпарол… Значи, не треба да правиме импровизации наводно за реформи, изјави Меџити, пренесува ТВ 21.
А непосредно пред средбата со граѓаните на Кичево, Меџити се сретна со градоначалникот на оваа општина Фатмир Дехари, по што објавија и фотографија. Дехари не присуствуваше на средбата со „огнената група“, но преку социјалните мрежи побара да се надминат разликите и испрати повик за обединување на партијата.