Министерството за здравство, со коешто во моментов раководи кадар на Алтернатива, како и Министерството за правда, со коешто раководи СДСМ, го претставуваат минимумот што треба да го „плати“ власта за да ја убеди опозициската Алијанса за Албанците да ѝ се приклучи на владината коалиција и со своите 8 пратеници да го зајакне парламентарното мнозинство кое во моментов брои 64 пратеници.
Многу важен, како што пишува Плусинфо, па дури и историски момент, е тоа што премиерот Димитар Ковачевски сепак одлучил да го „жртвува“ министерот Никола Тупанчески и неговиот министерски кабинет во Правда да му го препушти на потенцијалниот нов коалциски партнер Арбен Таравари. Со ваквиот потег дефинитивно ќе се наруши етничкиот баланс во Владата, па и покрај сите цврсти ветувања од премиерот дека „балансот нема да го чепкаме“, за првпат во историјата на Македонија ќе се случи да имаме повеќе министри Албанци отколку Македонци: 11 ќе бидат Албанци, а 10 Македонци.
Ваквата состојба, според дел од политичките аналитичари, е крајно неприфатлива. Тие во разговор за Плусинфо велат дека на овој начин само се создава гнев кај македонскиот мнозински народ, а и дополнително се потврдува сомнежот дека во Македонија ни се случува класична доминација на едно малцинство над мнозинството.
Целата статија може да јапрочитате ТУКА.