СДСМ ѝ го отстапува на Алијанса за Албанците (АА) директорското место во Управата за јавни приходи (УЈП), а повеќегодишната директорка, воедно и заменик претседател на СДСМ, Сања Лукаревска ќе стане министерка за животна средина, пишуваат повеќе медиуми.
Според пишувањето, АА ги добива министерствата за правда и за здравство, но и Министерството за информатичко општество доколку Алтернатива реши да ја напушти Владата, а доколку остане партијата на Африм Гаши, тогаш на АА ќе ѝ биде дадено едно вицепремиерско место, тоа за економски прашања.
Во функциите кои се дел од „пазарот“ се споменува и МЕПСО кое ќе биде раководено од Алијанса, што е уште една атрактивна функција за сопартијците на Арбен Таравари.
Директор на МЕПСО во моментот е Орхан Муртезани, висок функционер на Алтернатива и одговорен за односите со новинарите во партијата.