Седумдесет и тројца народни избраници за 11 месеци инкасирале 360.000 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, објави ТВ Сител.

Овие податоци ТВ Сител ги добил преку барање информации од јавен карактер. Од пресметката е одземен месец август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.

Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.

Целиот прилог на ТВ Сител може да го отворите ТУКА.