Земјотресите што ја погодија Турција на 6 февруари и нанесоа штета на економијата во износ од 84 милијарди долари, објави денеска агенцијата Блумберг, повикувајќи се на проценките на турската Конфедерација на претприемачи и претставници на деловни кругови.
Во првата оценка на Конфедерацијата се наведува дека загубите на националната економија поради земјотресот ќе бидат околу десет отсто од бруто домашниот производ.
Се прецизира дека штетите на станбените згради изнесуваат 70,8 милијарди долари, последиците од земјотресот ќе доведат до намалување на буџетските приходи на земјата за 10,4 милијарди, а уште 2,9 милијарди ќе ја чинат турската економија загуба на работна сила, пренесе ТАСС.
Пресметките на Конфедерацијата укажуваат на поголема штета од онаа што ја проценуваат другите економисти во земјата, а повеќето експерти се согласуваат дека е рано да се сумираат конечните последици од природната катастрофа во овој момент.
Во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во југоисточна Турција досега загинаа речиси 30.000 луѓе и уништија повеќе од 6.000 згради.