Основачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, по првпат го потврди раширеното верување дека тој ја основал и Агенцијата за истражување на интернет, попозната како мрежа на фарми на тролови која цела деценија се користи низ светот за ширење на пропагандните наративи на Кремљ, пишува themoscowtimes.com.
– Никогаш не сум бил само финансиер на Агенцијата за истражување на интернет. Јас ја измислив, ја создадов, ја водев долго време, изјави Пригожин за новинарите на германското списание „Шпигел“, додавајќи дека ја основал организацијата „за да го заштити рускиот информативен простор од суровата, агресивна антируска пропаганда на Западот.”
Пригожинво септември конечно потврди дека тој ја основал групата Вагнер, но искреното признае за фармите на тролови е изненадувачко, со оглед на тоа што тој презеде правни мерки против повеќе новинари и медиуми кои го споменуваа во врска со руските фарми на тролови во минатото.
Познато е дека Фармата на тролови или фабрика за тролови, како што во меѓународниот печат се нарекува Агенцијата за истражување на Интернет, е со седиште во Санкт Петербург, иако организацијата останува во сенка и покрај напорите на бројните истражувачки новинари во текот на годините да ја изложат на поголема контрола.
Според ФБИ, Агенцијата за истражување на Интернет презела масовна кампања за дезинформации за да влијае на исходот на изборите во САД во 2016 година, во февруари 2021 година. САД распишаа потерница по Пригожин поради сомневање за мешање во внатрешната политика на САД и обид да влијае на претседателските избори нудејќи парична награда до 250.000 американски долари за информација што ќе доведе до негово апсење.