Вработените во „8-ми Септември“ утре ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата.
Оттаму најавуваат дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пазуза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.
Ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.