МИСАЈЛОВСКИ: Во Македонија се тргува на големо со базите на податоци и никој не одговара за тоа

/ 20.02.2023

Главна тема во земјава е здравството, а во здравство имаме хакиран систем. Се разрешува овој министер за здравство, а сега дебатираме за разрешување на министерот за информациско општество и администрација. Овој министер е задолжен за интегрирана информатичка мрежа и безбедност на податоците. А тоа го немаме. Но, ниту министерот за здравство, ниту министерот за информациско општество не се разрешуваат поради овие скандали, туку поради менување партиски дресови, рече Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за разрешување на министри во Владата.

Според него единствениот мотив за разрешување на министрите е смена на партиски дресови, вклучување на партија во Владата.

„Во земјава се тргува на големо со базите на податоци и никој не одговара за тоа, туку премиерот е заинтересиран за смена на министри и партиски дресови. Притоа не го интересира што здравствените работници не земале плата и зошто некој тргува со податоци на граѓаните“, рече Мисајловски.

Според него токму оваа Влада која се залагаше за транспарентност нема ништо со транспарентноста.

„Премиерот го нема никаде, новинари не можат да добијат информација, граѓаните не добиваат соодветни информации. Ова е се само не е транспарентност. И притоа никој не повикува никого на одговорност. Дали директорите од ФЗО се криви? Дали министрите се разрешуваат поради скандалите. Има многу прашања одговори нема. Премиерот тера само партиска математика“, рече Мисајловски кој заклучи дека и додека немало ништо направено ниту во здравството ниту во областа на информатичкото општество и администрацијата.


Од истата категорија