Осумгодишниот математички генијалец Македон Димитровски од Тетово освои сребрен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“.
Македон, покрај генијалноста во математиката, зборува и повеќе јазици, меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, објавија неговите родители на Фејсбук.
Малиот генијалец од Тетово има коефициент на интелигенција 134, а предвидувањата се дека истиот со тек на годините ќе достигне до 145-150.