Шведска ќе и достави на Украина 10 тенкови „Леопард 2“ и системи за воздушна одбрана „Хавк“ (HAWK) како дел од 11-от пакет воена помош, објави Ројтерс, повикувајќи се на шведската Влада.

„Шведските тенкови го зголемуваат придонесот на другите европски земји. Во тек е координација на поддршката со меѓународните партнери кои донираат „Леопард 2“ или други тенкови“, се вели во соопштението на Владата.

Министерот за одбрана Пол Јонсон на прес-конференција рече дека војната во Украина е во засилена фаза и дека Шведска „ќе направи се што може за да ја испрати оваа (воена помош) што е можно порано“.