Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка, вели Владимир Кличко, поранешен боксер и брат на Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев.
Снимка на која тој го вози германскиот тенк Леопард 2 е објавена денеска откако првите вакви тенкови вчера и беа испорачани на Украина.
Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко го вози тенкот.
– Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година на војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било, вели “тенкистот“ Кличко.
Тој преку видеото им се заблагодари на Германија и на Западот „за се што прават за Украина“.
Видеото може да го отворите ТУКА.