Заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни проходи, Сања Лукаревска во подкаст „CampFireTalks“ на СДСМ откри дека ќе се кандидира за претседателка на државата.
Таа на прашањето „Кога ќе се кандидирате за претседател на државата“, вели дека тоа ќе биде за следниот мандат.
– Следниот мандат, не овој сега, како му доаѓа, 2029 година, рече Лукаревска.
Инаку, освен Лукаревска од поодамна ветување дека ќе се кандидира за шеф на државата има и од јавната обвинителка Фатиме Фетаи, од „златниот период на СЈО“, кога за нејзе и за Катица Јанева речиси секојдневно се снимаа прилози, емисии и филмови во Македонија.