Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил денеска изјави дека речиси сите земји во светот зазеле став дека не смее да и се дозволи на Русија да продолжи да го прави тоа што го прави во Украина и дека се надева оти и Србија ќе им се придружи на тие земји.

Наведувајќи дека Србија е на пат кон Европската унија (ЕУ), Хил рече дека е неопходно Белград да ја усогласи својата политика со ЕУ.

Ако е неопходно да се проголта горчливо апче, подобро е да се направи тоа сега, рече Хил во изјавата за новинарите во Институтот за мајка и дете.