Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија.

Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата.

„Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од блокираните руски средства за да го обезбедиме тоа“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„И ставаме на располагање дополнителни 1,4 милијарди евра на Украина. Ова ќе го поддржи континуираниот отпор на Украина против нелегалната војна на Русија“, додаде таа.

Фото: архива