Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 2.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 23.0 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 15.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.1 % и Капитални производи за 2.6 %