Изет Меџити иако не е лидер за него граѓаните имаат најпозитивно мислење, а најголем дел од граѓаните се изјасниле негативно за првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто. Ова го потврдува истражувањето спроведено во втората половина на февруари. Меџити е рангиран во групата политички лидери со поддршка од 43,5 отсто, а пред него се само Али Ахмети со 48,9 отсто и Арбен Таравари со 46 отсто. Иако Меџити ја ужива оваа поддршка, а не е лидер на политичка партија, тој зад себе ги остава Билал Касами и Африм Гаши.

Анкета
„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравари (46%) и Изет Меџити (43,5%) а понегативно мислење имаат за Мендух Тачи (58,6%) и Артан Груби (58, 3%). Најмалку ги познаваат Башким Хасани и Кастриот Реџепи“.

За случувањата во ДУИ и поделбата на „Огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.
Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на огнената група е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Анкета
Огнената група води фер битка за реформи во ДУИ и реформи во државата (30,5%)
Се работи за нивно внатрепартиско прашање, небитно за државата (26,1%)
Огнената група води лична битка против Али Ахмети (14%)

Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен, врз основа на анкетата на 1.065 граѓани Албанци, на возраст од 18 до 80 години.