Првиот ден од пролетта почнува вечерва и е познат како пролетна рамноденица, а тоа се случува речиси секогаш на 20 или 21 март.
Првиот ден од пролетта е единственото време од годината кога сонцето се издига точно на исток и заоѓа точно на запад за сите во светот.
Ова, како што објавува Емитер, е и единствениот период во секоја година кога наклонот на Земјата е нула во однос на сонцето. Мартовската рамноденица означува момент кога Сонцето преминува преку небесниот екватор, замислените линии на небото над екваторот, од југ кон север.
Тоа се случува секоја година на 19, 20 и 21 март. Со оглед дека тогаш ноќта и денот се ресчиси подеднакво долги, по 12 часа, овој настан е познат како рамноденица, што потекнува од латинскиот „equinoxium“, односно aequinoctium – equi, aequ + nox, noct – ноќ.
Сепак, во реалноста рамнодениците не подразбираат точно 12 часа дневна светлина.
Датумот на пролетната рамноденица се менува секоја година, бидејќи се одредува со времето на преминот на сонцето над земјиниот екватор, што пак зависи од неколку фактори.
Орбитата на Земјата постојано се менува во однос на сонцето, додека во исто време гравитацијата на другите планети влијае на локацијата на Земјата во вселената. Овие физички влијанија, заедно со фактот дека секоја календарска година нема ист број денови (тука се мисли на престапните години), влијаат на тоа датумот на првиот ден на пролетта да варира од година во година.Видео
Видео и извор: Емитер