Мониторинг комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа ме избра за известител за Босна и Херцеговина.
Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските кои што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред се во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето на фунционална правна држава. Ова е огромна чест за мене. Но, во исто време претставува признание за Македонија, затоа што македонски пратеник конечно е во позиција да пишува извештаи и да известува за она што се случува во други држави, а не само Македонија да е под мониторинг и други да известуваат за Македонија. Ова значи многу за Македонија, затоа што значи многу за имиџот на државата, значи дека Македонија може и има политичари кои што може да ја претставуваат надвор од државата, а јас ќе се потрудам со сиот мој капацитет и со сиот мој авторитет да направиме добри работи за регионот, од кој што дел секако е и Босна и Херцеговина. Се надевам дека државата ќе напредува и се надевам дека ќе видиме и во Сараево и во Бања Лука и секаде онаму каде што ќе одиме и во Мостар и во останатите градови напредок кон едно пофункционално владеење на правото, ќе видиме напредок кон една хармонизирана држава, ќе видиме напредок кон исполнување на обврските кои што ги има Босна и Херцеговина кон Советот на Европа, и секако почитување на Дејтонскиот мировен договор и сите останати одлуки кои што ги имаат донесено Советот на Европа, ЕУ и ОН за Босна и Херцеговина.