Случајот „Транспортер“ во којшто е осуден поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески повторно стигна пред Врховниот суд. Одбраната на обвинетите поднесе барање за вонредно преиспитување на правосилната одлука за овој случај.

-Во Врховниот суд на Република Македонија доставен е предметот ‘Транспортер’. Во согласност со Законот за кривичната постапка, предметот веднаш ќе биде доставен на мислење во Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Врховен.

Овој предмет беше под лупа на Судскиот совет бидејќи Апелација долго време одлучуваше за него, а сега Врховиот суд првпат треба да се произнесе за помилувњата, по одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, според кој обвинетите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови.

Откако ќе се произнесе Врховен, во зависност од одлуката, Талески ќе може повторно да се жали пред Стразбур.