Франција воведува забрана за користење на социјалната мрежа TikTok и на други популарни апликации на мобилните телефони на јавните службеници поради несоодветна безбедност и заштита на податоците, објавија властите во Париз.
Забраната ќе стапи на сила веднаш, напиша Министерството за јавни услуги на Твитер, кое заедно со Инстаграм и платформата за стриминг Нетфликс, исто така е засегната од забраната.
Франција е последната во низата земји што преземаат такви чекори против TikTok поради безбедносни грижи. Соединетите држави, Германија, Велика Британија и Европската комисија, исто така, на јавните служеници им ја забранија апликацијата во сопственост на кинеска компанија за споделување видео од мобилните телефони.
Американските власти, исто така, размислуваат целосно да го забранат TikTok, наведувајќи ја загриженоста дека кинеските разузнавачки служби би можеле да го користат за собирање податоци и влијание врз корисниците. TikTok ги негира наводите. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот ја презеле апликацијата, која ѝ припаѓа на кинеската компанија ByteDance.