Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени. Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишаат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат.
Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен.
Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа.
И СДС и ДУИ движат кон ќорсокак и затоа нервозата од ден во ден се повеќе расте, подвлекуваат од партијата.